Aida Cako
09 Август 2025•Ажурирај: 13 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Во источниот дел на Франција, во регионот Алзас, се наоѓа „Монтањ де Сенж“ или „Планината на мајмуните“, популарна дестинација за љубителите на природата и животните, јавува Анадолу.
Сместен во близина на селото Кинцхајм, овој парк се простира на површина од 24 хектари и е дом на мајмуни од видот берберски макаки. За разлика од зоолошките градини, тука мајмуните се движат слободно, што им овозможува на посетителите да ги набљудуваат во нивното природно опкружување.
Покрај тоа што нуди единствено искуство за семејствата и децата, „Планината на мајмуните“ има и важна улога во зачувувањето на овој загрозен вид преку посветени конзервациски програми.
Локацијата е препознаена како една од ретките места во Европа каде што посетителите можат да остварат непосреден контакт со дивите животни во контролирана и едукативна средина.