Abdülhamit Yaşar
09 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
КОЊА (АА) - Алекс Хоман (42), со цел да ја подигне свеста за африканските деца што пешачат со часови за да стигнат до училиште, од Шпанија започна турнеја низ светот со велосипед, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хоман пристигна во областа Бејшехир во Коња, каде што ќе направи пауза за да се одмори.
Хоман го започна своето патување со велосипед од Барселона, Шпанија, пред 6 месеци во рамките на проектот што го нарече „La Bicies Bella“ (Убав велосипед). Пристигна во Турција откако посети 11 земји.
Во изјавата за медиумите по пристигнувањето во областа Бејшехир, Хоман рече дека животот не се состои само од работа и живеење со семејството.
Истакнувајќи дека пред 7 години, при патување со велосипед низ Северна Африка видел деца кои морале да пешачат со километри за да стигнат на училиште, Хоман рече дека во тој момент решил да направи нешто за тие деца.
„Се вклучив во социјалниот проект организиран од невладината организација ‘Велосипеди без граници‘. Учениците во градот Лул Сесен во Сенегал пешачат по два часа секој ден до нивното училиште поради тоа што нема јавен превоз. Во рамките на проектот се обидуваме да собереме 10.000 евра. Со овие пари може да се купи велосипеди за децата. Моментално во прв план ми е да прошетам низ Турција. Затоа што е многу убава и голема земја. Потоа, откако ќе пристигнам во Сенегал планирам да ја реализирам мојата цел“, нагласи Хоман.