Ali Murat Alhas
02 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција во изминатите 24 часа регистрирани се 7.795 нови случаи на коронавирусот, меѓу кои 630 симптоматски пациенти, покажуваат податоците објавени од турското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на досега регистрирани случаи во земјата надмина 2,49 милиони, додека вкупниот број на починати од вирусот достигна 26.237, со 120 смртни случаи во изминатото деноноќие.
Со евидентирани уште 8.639 оздравени пациенти во истиот период, вкупниот број на излекувани лица од вирусот во земјата се искачи на над 2,37 милиони.
Досега во Турција се спроведени над 29,9 милиони тестирања за коронавирусот, вклучително и 140.120 тестирања во изминатите 24 часа.
Според последните податоци, бројот на пациенти со Ковид-19 кои се во критична состојба е 1.592.