Aşkın Kıyağan
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
ВИЕНА (АА) – Австрија одлучи од утре целосно да ги отвори своите граници за сите соседи, освен за Италија, откако беа затворени во рамките на мерките преземени против новиот вид на коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Австрискиот министер за надворешни работи и Европа, Александер Шаленберг, во изјава за медиумите рече дека од четврток границите со Германија, Чешка, Словачка, Словенија, Швајцарија, Лихтенштајн и Унгарија ќе ги отвори целосно, при што нема да се спроведуваат здравствени контроли и мерки за карантин.
За Италија, една од земјите каде што вирусот е најефикасен и за првпат виден во Европа, Шаленберг рече: „Бројките сè уште не го дозволуваат тоа.“
Наведувајќи дека мерките кон Италија ќе продолжат, Шаленберг истакна дека проценките во однос на оваа земја ќе продолжат следната недела, но одлуката ќе зависи од бројот на дневни случаи и починати од коронавирусот.
Шаленберг нагласи дека патувањето во земјите како Шведска, Велика Британија и Шпанија е ризично, и дека за патувањата во земји кои не се членки на Европската Унија (ЕУ) ќе дејствуваат во согласност со одлуките на ЕУ.
Австрија, како дел од борбата против епидемијата, своите граници ги затвори од почетокот на март.