İsa Toprak
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција, соопшти дека е уништена пештера со 3 простории доволно голема за сместување на најмалку 20-25 терористи на ПКК, во областа Хакурк во северниот дел Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на Твитер профилот на Министерството се наведува дека уништено е уште едно засолниште на терористичката организација ПКК.
„Во областа Хакурк, северен Ирак идентификувана и уништена е една пештера со 3 простории доволно голема за да сместат најмалку 20-25 терористи на ПКК. Нашите херои командоси продолжуваат да ги уништуваат засолништата на терористичката организација ПКК“, се нагласува во соопштението на Министерството.
Терористите на ПКК често се засолнуваат во северен Ирак за да планираат прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.