Adam Abu-bashal
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 192 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент откриени се уште 9.052 случаи со Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.192.414.
Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 182 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 27.831.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (13.059 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.262) и Алжир (1.435 смртни случаи).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 909.724 лица.