Adam Abu-bashal
20 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 2 милиони 40 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 13.849 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.040.542.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 273 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 48.785.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (20.671), по која следуваат Египет (6.508) и Мароко (5.090).
Во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (759.658), по која следуваат Мароко (311.554) и Египет (111.955).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.720.252 лицa.