Bedrudın Brljavac
29 Јануари 2020•Ажурирај: 30 Јануари 2020
САРАЕВО (АА) - Државјанин на Србија е ставен во карантин во вторникот, во Гоа, сојузна држава во Индија, поради сомнеж дека е заразен со коронавирус, пишува „Индиан експрес“ (The Indian Express), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Србин, чиј идентитет не е познат, за кого е само наведено дека е машко лице на средни години, неодамна во Индија допатувал од Кина.
Тој во Индија пристигнал минатата седмица, а во Кина престојувал во градот кој се наоѓа околу 750 километри од Вухан, кој е епицентар на коронавирусот.
„Покажува симптоми на коронавирус, како што се суво и болно грло. Тој бил во кинескиот град кој е оддалечен околу 750 километри од Вухан. Ја следиме неговата состојба. Земени се сите неопходни примероци за анализа“, изјавија индиските службеници.
Случајот на српскиот државјанин е инаку прв случај на коронавирус во оваа индиска држава.
Министерот за здравство, Вишваит Ране, изјави дека лицето е ставено во карантин во Клиничкиот центар во Гоа, додавајќи дека на аеродромот во Гоа исто така се преземаат сите потребни мерки на претпазливост.