Adam Abu-bashal
18 Јули 2021•Ажурирај: 19 Јули 2021
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 6 милиони и 248 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 6.248.648.
Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 157.655.
Во Африка од коронавирусот досега се опоравиле вкупно 5.427.161 лице.
Најмногу откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Мароко, Тунис, Етиопија, Египет и Либија.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република, Египет и Тунис.