Ömer Faruk Yıldız
18 Јули 2021•Ажурирај: 19 Јули 2021
Земјотрес со јачина од 5,4 степени се случи во јужниот дел на Филипините, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Институтот за вулканологија и сеизмологија на Филипините.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во градот Говернор Генеросо кој се наоѓа во покраината Источен Давао.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 5,4 степени се случил во 08:09 часот по локално време, на длабочина од 42 километри.
Во ова соопштение се нагласува дека нема жртви во земјотресот, додека по него не е даден аларм за цунами.