Adam Abu-bashal
16 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
АБУЏА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 110 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент откриени се уште 11.390 случаи со Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.112.732.
Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 234 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 25.377.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 на овој континент се регистрирани во Јужноафриканската Република (11.677 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.141 смртен случај) и Алжир (1.360 смртен случај).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Во Африка излекувани се вкупно 827.988 лица од овој вирус.