Gökhan Kavak
10 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Центарот за контрола и спречување на болести на Африка (Africa CDC) соопшти дека овој континент има потреба од 750 милиони дози на вакцина против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Центарот, д-р Џон Нкенгасонг, на неделната онлајн прес-конференција истакна дека 60 отсто од 1,2 милијарди лица низ континентот имаат потреба за вакцинација.
„Низ континентот има потреба од 750 милиони дози на вакцината против Ковид-19“, рече Нкенгасонг.
Нагласувајќи дека секој поединец ќе добие две дози вакцина, Нкенгасонг упати предупредување дека потребата за вакцина во наредните денови можно е да надмине 1 милијарда.
Нкенгасонг истакна дека некои африкански земји ќе добијат поддршка од Светската банка за купувањето на вакцината.
Инаку, во Африка бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 2 милиони 320 илјади, а починаа околу 55.000 лица од последиците на овој вирус.