Ata Ufuk Şeker
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
БРИСЕЛ (АА) - Федералната Влада во Белгија, со цел заживување на домашниот туризам и економијата, донесе одлука на граѓаните да им дели бесплатни билети за патувања со железничкиот сообраќај, јавува Агенција Анадолија (АА).
Белгискиот министер за транспорт, Франсоа Белот, потврди дека федералната Влада донела одлука сите жители на земјата на возраст над 12 години да добијат 10 бесплатни билети за воз.
Граѓаните ќе можат преку интернет да ги пополнат формуларите за споменатите билети, а ќе ги користат од 31 јули до крајот на годината.
Во Белгија, која брои 11,5 милиони жители, право на бесплатните билети ќе имаат околу 10 милиони луѓе.
Целта на оваа акција е да се поттикнат граѓаните на патувања во рамките на земјата, со цел да оживеат домашниот туризам и економијата, кои страдаат поради пандемијата на коронавирусот.