Burak Dağ
19 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус во светот денес надмина 160.000 лица, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Универзитетот покажаа вкупно 160.518 смртни случаи, додека бројот на заболени и излекувани во светот изнесува 2.328.124, односно 594.192.
Соединетите Американски Држави (САД) и понатаму се најпогодена земја од вирусот Ковид-19 со најголем број заразени и починати во светот. Регистрирани се над 734.550 откриени случаи на вирусот и над 38.830 смртни случаи.
Италија е втора според бројот на смртни случаи во светот, 23.227, додека Шпанија е втора по бројот на дијагностициани случаи со вирусот, со над 194.410.
Вирусот за првпат се појави во Кина во декември и оттогаш се прошири во околу 200 земји и региони.
И покрај растечкиот број на случаи, повеќето луѓе што се заразени со вирусот го поминуваат со благи симптоми.