Nazlı Yüzbaşıoğlu
22 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Официјални лица на Турција, Италија, Велика Британија и Холандија изразија загриженост поради случувањата во Брисел кој утринава го потресоа три силни експлозии, јавува Anadolu Agency (AA).
На главниот терминал на бриселскиот аеродром "Завентем", утринава одекнаа две силни експлозии, а кратко потоа одекна и експлозијата на метро-станицата Маелбек во непосредна близина на зградата на институциите на Европската унија. Во ексползиите според досегашните информации загинаа 23 а ранети се десетици лица.
Турскиот министер за ЕУ, Волкан Бозкир, на социјалната мрежа Твитер изрази шокираност и загриженост поради вестите кои стигнуваат од Брисел.
„Мораме да продолжиме со беспоштедната борба против сите видови на тероризам и оние кои го поддржуваат”, порача Бозкир.
И британскиот премиер Дејвид Камерон на Твитер објави слична порака во која се изразува подготвеност на Велика Британија за пружање на потребната помош на Белгија. Камерон повика и итен состанок на безбедносните институции на Велика Британија.
Премиерот на Холандија, Марк Руте, исто така, порача дека Холандија ќе пружи секој вид поддршка на властите на Белгија во овие тешки мигови.
И тој најави итен состанок на холандските безбедносни органи како и зголемување на мерките за безбедност во земјата.
Шефот на Владата на Италија, Матео Ренци и шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилони, испратија пораки со поддршка на Белгија и народот на таа земја.
„Моите мисли и срце моментално се со Брисел и со цела Европа”, порача Ренци.
Безбедносните мерки по утринските експлозии во Брисел се интензивирани и во други европски земји, меѓу кои и Франција и Германија.