Muhammet Nazım Taşcı
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
АНКАРА
Во јужноамериканската држава Бразил, во последните 24 часа животот го загубија 1.086 лица од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што ги објави бразилското Министерство за здравство, во последните 24 часа, од последици предизвикани од Ковид-19 животот го загубиле 1.086 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата е зголемена на 25.598.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 411.821, од кои 20.599 биле детектирани во последните 24 часа.
Според интернет-страницата „Worldmeter“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19 во светот, САД се земја со најголем број на детектирани и смртни случаи, додека Бразил се наоѓа на второто место.