Бројот на излекувани лица од Ковид-19 во светот надмина 1,1 милион
Земјите во кои регистрани се најголем број на излекувани лица од овој вирус се следни: „САД (162.100), Шпанија (146.233), Германија (129.000), Италија (79.914), Кина (77.685), Иран (77.350), Турција (58.259) и Франција (50.212)“
Muhammet Nazım Taşcı
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1,1 милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 1.102.103 лица во светот успеале во борбата против Ковид-19.
Земјите во кои регистрани се најголем број на излекувани лица од овој вирус се следни:
„САД (162.100), Шпанија (146.233), Германија (129.000), Италија (79.914), Кина (77.685), Иран (77.350), Турција (58.259) и Франција (50.212)“.
Бројот на откриени случаи во светот изнесува 3 милиони 442 илјади и 641, додека 242.190 лица во светот починаа како последица на овој вирус.