Zehra Ulucak
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1.200.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, 1.200.296 лица во светот успеале да се излекуваат од Ковид-19.
Земјите во кои е регистриран најголем број излекувани лица од овој вирус се:
Соединетите Американски Држави (188.068), Шпанија (151.633), Германија (135.100), Италија (82.879), Иран (79.379), и Кина (77.853).
Во Турција од Ковид-19 се излекуваа 68.166 лица.
Бројот на откриени случаи во светот изнесува 3.646.304, додека 252.425 лица во светот починаа како последица на овој вирус.