Sümeyye Dilara Dinçer
08 Јули 2021•Ажурирај: 09 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 170 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, 170.102.891 лице успеаја во битката против Ковид-19.
Првите три земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде што се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во Индија оздравеа 29.843.825 лица, во САД 29.168.313, а во Бразил, 17.352.670 лица.
Меѓу другото, во Турција од вирусот се излекуваа 5.328.747 лица.
Во светот 11.735.143 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 185.855.902, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 4.017.868 лица.