Büşra Selvi Öğütcen
20 Јануари 2021•Ажурирај: 20 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на оздравени од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 69 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, 69.274.079 лица успеаја во битката против Ковид-19.
Првите четири земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во САД оздравеа 14.786.852 лица, во Индија 10.245.741, во Бразил 7.518.846, и во Русија 3.002.026 лица.
Меѓу другото, во Турција од вирусот се излекуваа 2.277.987 лица.
Во светот 25.285.978 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 96.625.755, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 2.065.698 лица.