Büşra Selvi Öğütcen
02 Март 2021•Ажурирај: 03 Март 2021
АНКАРА
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 115 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 115.034.561 лице.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 29.314.254 лица.
Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Индија (11.124.527), Бразил (10.589.608), Русија (4.268.215), Велика Британија (4.182.009), Франција (3.760.671), Шпанија (3.204.531), Италија (2.938.371), Турција (2.711.479), Германија (2.455.569), Колумбија (2.255.260), Аргентина (2.112.023), Мексико (2.089.281), Полска (1.711.772), Иран (1.639.679), Јужноафриканската Република (1.513.959), Украина (1.357.470), Индонезија (1.341.314), Перу (1.332.939), Чешка (1.252.242) и Холандија (1.092.452).
Како последица на вирусот во светот починаа 2.551.380 лица. Во светот регистрирани се 90.758.900 оздравени лица од вирусот, додека 21.724.281 лице се во процес на лекување.