Muhammet Nazım Taşcı
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 6.9 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 6.902.338 лица.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде 1.971.054 лица се заразени со овој вирус.
По САД следуваат Бразил со 649.514 откриени случаи, Русија со 458.689 откриени случаи, Шпанија со 288.058 откриени случаи, Велика Британија со 284.868 откриени случаи, Индија со 240.932 откриени случаи, Италија со 234.531 откриен случај, Перу со 187.400 откриени случаи, Германија со 185.414 откриени случаи и Иран со 169.425 откриени случаи.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 168.340 лица.
Земјите каде бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се следни:
„Франција (153.055), Чиле (122.499), Мексико (110.026), Саудиска Арабија (98.869), Канада (94.790), Пакистан (93.983), Кина (83.030), Катар (67.195), Бангладеш (63.026) и Белгија (59.072)“.
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 399.286 лица. Во светот од Ковид-19 се излекувани 3.378.010 лица, додека 3.119.758 лица се во процес на лекување.