Ali Cura
26 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија, бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 20.225, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.143.571, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 7.523 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.143.571.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 169 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 20.225.
Оздравеа уште 6.004 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 940.150 лица.
Во Русија направени се над 44,7 милиони тестирања за Ковид-19.
Според одлуката донесена од страна на Општина Москва, почнувајќи од 28 септември, лицата постари од 65 години и хронично болните лица се принудени да останат дома.