АНКАРА (АА)
- Етхем ЕМРЕ ОЗЏАН
Фотографии слични на оние што ги опишуваа димензиите на граѓанската војна во Сирија и кои се запаметени во сеќавањето може да се видат и од војната во Украина.
Граѓанската војна, која зад себе ја остави својата 11-та година во Сирија и војната што ја започна Русија против Украина на 24 февруари се сведоци на слични болки и солзи, а фотографиите направени во двете војни имаат големи сличности.
Дописници на Агенција Анадолија (АА) ги споредија сличните фотографии кои го откриваат спасувањето на цивилите од урнатините на двете војни, уништувањето и миграцијата, како и страдањата на постарите, децата и жените кои се најголемите жртви на војната.

- Заедничко наследство на војните: Уништување
Слично уништување предизвикано од бомбардирањето на цивилните населби во Украина од страна на Русија, беше видено и во фотографиите направени од нападите на режимот на Асад и неговиот поддржувач Русија на опозициските градови во Сирија.
Сцени слични на оние од фотографиите на фоторепортерот на АА, Андреа Каруба, од урнатините како резултат на бомбардирањето на многу населени места во близина на украинскиот град Харков се видени и во фотографиите на новинарот на АА, Салих Махмуд Лејла, од нападот на силите на режимот на Асад врз кварт во Алепо со барелни бомби.
Дописникот на АА го загуби животот во нападот на терористичката организација ДЕАШ во Алепо во 2015 година.

- Бојата на болката стана една иста
Фотографијата на Олена Курило, која беше повредена и облеана во крв по рускиот воздушен напад во градот Харков, стана симбол на руско-украинската војна.
Фотографијата потпишана од фоторепортерот на АА, Волфганг Сван, има голема сличност со фотографијата на дописникот на АА од Идлиб, Мухамед Саид, со жена повредена во нападот врз цивили кои берат маслинки во градина во провинцијата Идлиб.
- Турски војник се грижеше за децата кои бегаат од војната
Откако Русија прогласи привремен прекин на огнот во пет украински градови, цивилите беа евакуирани во градот Ирпин, во близина на главниот град Киев.
Фотографијата со украинскиот војник кој држи во раце едно дете за време на евакуацијата, привлече големо внимание. Слична на оваа фотографија на фоторепортерот на АА, Емин Сансар, беше направена и од директорот на Редакцијата на фотографии на АА, Фират Јурдакул во јуни 2015 година за време на граѓанската војна во Сирија.
Сиријците кои побегнаа од воздушното бомбардирање на регионот Тел Абјад во Сирија од страна на коалициските сили предводени од САД во 2015 година и конфликтите во регионот мигрираа во Турција.
Големо внимание привлече фотографијата на Јурдакул, на која се гледа како турски војници му даваат вода на повредено дете, кое се наоѓаше меѓу цивилите имигранти.
- Меѓу симболичните фотографии се и фотографиите каде што татковците покажуваат љубов кон своите деца
Цивилите кои сакаа да го напуштат главниот град Киев поради рускиот напад врз Украина се упатија кон железничката станица во Киев.
Фотографијата на фоторепортерот на АА, Ајтач Унал, на која е прикажана љубовта на еден Украинец кон својата мала ќерка кога ја фрла во воздух, потсети на приказната за таткото и неговото бебе чиј живот се промени во Идлиб со веста на АА.
Бебето Мохамед, болно од фокомелија, родено без раце и нозе, со инструкции на министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, е донесено во Турција, а потоа со протетски нозе е вратено во Идлиб.
Фотографијата потпишана од Мухамед Саид го освои првото место во категоријата „Живот“ при гласањето за „Фотографии на годината“ на АА.
- Мајките со бебињата во раце бегаа од војната
Милиони цивили ги оставија своите земји зад себе и мигрираа во соседните земји поради војната во Украина. Исто така, милиони Сиријци се засолниле во соседните земји, првенствено во Турција, поради слични причини за време на граѓанската војна во Сирија.
Иста сцена на која е прикажана беспомошна Украинка како се засолнува во Полска со своето бебе во рацете, е „фатена“ и од објективите на АА пред неколку години, кога мајка со своето бебе во рацете стигна до граничниот премин во Шанлиурфа, поради ескалација на конфликтот во Сирија.
- Постарите не можеа да избегаат од нападите
Со избувнувањето на војната во Украина, повеќето цивили кои живеат во градовите кои се бомбардираат, не можеа да ги напуштат своите домови. Некои населби беа уништени по руските напади, а голем број цивили во последен момент избегаа од под урнатините.
Стан во градот Харков беше оштетен за време на рускиот напад на Украина, а повредените цивили беа префрлени од местото на настанот во здравствените центри. Фоторепортерот на АА направи фотографија од постаро лице како со помош на две лица од безбедносните сили се извлекува од оштетената област.
Слична ваква фотографија, која го опишува обемот на војната, е направена пред неколку години по рускиот напад на кварт во Алепо. Постар граѓанин, кој беше повреден во нападот на руските воени авиони, со помош на мештаните е извлечен од урнатините.
Има голем број слични фотографии направени од страна на фоторепортерите на АА во двете војни.