Nuri Aydın
18 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати од пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 450.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот починале 450.088 лица, додека бројот на потврдени случаи со овој вирус во светот се искачил на 8.377.466 лица.
Најголем број смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), каде починати се 119.880 лица.
По САД следуваат Бразил (46.510), Велика Британија (42.153), Италија (34.448), Франција (29.575), Шпанија (27.136), Мексико (18.310), Индија (12.262), Белгија (9.675), Иран (8.918), Германија (8.918), Канада (8.254), Русија (7.478), Перу (7.257), Холандија (6.075) и Шведска (5.041).
Земјите каде бројката на починати надмина 1.000 лица се следни:
Турција (4.861), Кина (4.634), Еквадор (4.007), Чиле (3.615), Пакистан (2.975), Индонезија (2.276), Шведска (1.956), Египет (1.850), Колумбија (1.801), Ирска (1.710), Јужна Кореја (1.674), Португалија (1.523), Романија (1.451), Бангладеш (1.305), Полска (1.286), Филипини (1.108) и Саудиска Арабија (1.091).
Во светот од Ковид-19 се излекувани 3.384.805 лица.