Mustafa Melih Ahıshalı
11 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Од коронавирусот во Иран во изминатите 24 часа починаа уште 63 лица, со што бројот на починати лица е зголемен на 354, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на иранското Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, изјави дека во изминатите 24 часа се регистрирани уште 958 случаи, со што бројот на заразени со коронавирусот во таа земја е зголемен на 9.000.
Џиханпур соопшти дека излекувани и пуштени од болница се 2.959 пациенти.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан и за кратко време се прошири во повеќе од 100 држави. Во Иран првите случаи на зараза со коронавирусот беа забележани на 19 февруари во градот Ком.