Seyit Aydoğan
08 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ТОРОНТО (АА) - Бројот на смртни случаи во Канада како последица на новиот тип коронавирус се искачи на 7.859, откако во последните 48 часа починаа 108 пациенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на канадското федерално Министерство за здравство, во последните 48 часа во земјата регистрирани се 2.134 нови случаи со коронавирус, со што вкупната бројка се искачи на 96.462.
Вкупниот број на починати достигна 7.859, со зголемување од 108 во последните 48 часа.
До денес, во земјата направени се 1.896.822 тестирања за Ковид-19. Министерството соопшти дека од почетокот на епидемијата досега од коронавирусот се излекувале вкупно 54.233 лица.
Од друга страна, претседателката на Агенцијата за јавно здравје на Канада, Тереза Там, предупреди дека протестите за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина поради полициско насилство во САД, може да придонесат за ширење на Ковид-19.
Истакнувајќи ја важноста на социјалната дистанца, Тереза Там порача: „Колку подалеку, толку подобро.“
Во многу градови во Канада се одржуваат протести за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина од полициско насилство во САД.