Zehra Ulucak
08 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа уште 1.382, а во Мексико уште 188 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Бразил се истакнува дека во последните 24 часа починале 1.382 лица од Ковид-19, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 37.312.
Откриени се уште 12.581 нов случај со овој вирус. Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во земјата порасна на 685.427.
Според интернет страницата „Worldometer“, Бразил се наоѓа на прво место од земјите во Латинска Америка според бројот на дијагностицирани и смртни случаи, додека во светски рамки се наоѓа на второто место, зад САД.
- Во изминатото деноноќие во Мексико 188 починати -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа во земјата починале уште 188 лица како последица на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 13.699.
Се истакнува дека откриени се уште 3.484 нови случаи со овој вирус, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 117.103.