Şenhan Bolelli,Zehra Ulucak
18 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
АНКАРА (АА) – Бројот на нови случаи на коронавирусот Ковид-19 во Шпанија ја надмина бројката од 13.700, а бројот на починати од вирусот се зголеми на 558, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фернандо Симон, директорот на Центарот за координација на итни здравствени услуги и препораки при Министерството за здравство на Шпанија, истакна дека бројот на случаи со коронавирус во земјата е зголемен на 13.716.
Наведувајќи дека бројот на лица што починале поради вирусот е зголемен на 558, Симон рече дека вкупно 774 лица со Ковид-19 се на интензивна нега.
Симон, истакнувајќиa дека во однос на вчерашниот ден бројот на случаи на Ковид-19 во Шпанија е зголемен за 2.538, рече дека тоа е најголемиот пораст во Шпанија во текот на еден ден.
Тој, исто така, соопшти дека Обвинителството започнало истрага откако за една недела 17 стари лица починале од новиот вид коронавирус во старечки дом во Мадрид.
Во Мадрид, главниот град на Шпанија, евидентиран е најголем број случаи на Ковид-19. Има вкупно 4.871 заболен од Ковид-19, а досега починале 355 лица.
Во Мадрид, во споредба со претходната недела, метро сообраќајот се намали за 69 отсто, додека автобускиот сообраќај за 75 отсто.
„Најтешкото време сè уште не е дојдено“, рече шпанскиот премиер Педро Санчез во говорот во Парламентот.