Tufan Aktaş
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) ширум афирканскиот континент надмина 27.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Центарот за контролирање и спречување на болести на Африка, во последните 24 часа во овој континент се откриени уште 1.300 нови случаи со Ковид-19, со што бројот на случаи во Африка се зголеми на 27.427.
Како последица на Ковид-19, во Африка починаа 1.298 лица.
Од Ковид-19 во Африка се излекувани 7.474 лица.