Ali Murat Alhas
01 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Бројот на потврдени случаи на коронавирусот Ковид-19 во Латинска Америка надмина еден милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците од веб-страницата „Worldometer“, на која се достапни најновите податоци во врска со епидемиолошката ситуација во светот предизвикана од коронавирусот, покажуваат дека бројот на заразени во Латинска Америка достигнал 1.013.538, додека досега починале вкупно 51.202 лица.
Во Бразил, епицентарот на коронавирусот во регионот, има над 514.000 потврдени случаи, а бројот на починати изнесува речиси 30.000.
Мексико има пријавено 90.664 случаи, додека Перу 164.476 случаи. Дијагностицираните случаи во Чиле се близу 100.000 и над 39.000 во Еквадор. Во Колумбија, бројот на потврдени случаи изнесува над 27.000, додека Аргентина има над 16.800 дијагностицирани со Ковид-19.
Вирусот што се појави минатиот декември во кинескиот град Вухан, се прошири во речиси 200 земји и региони во светот.
Според статистиката на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во моментов во светот има над 6,1 милиони потврдени случаи на вирусот и над 372.000 смртни случаи, додека излекувани се 2,6 милиони луѓе.