İlyas Tayfun Salcı
04 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 176 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 39.904, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација на дневна прес-конференција ја потврди Министертот за транспорт на оваа земја, Франт Шапс.
Шапс нагласи дека во последните 24 часа се откриени уште 1.805 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 281.661.
Во последните 24 часа во земјата се направени 220.057 тестирања за Ковид-19, со што бројот на вкупно извршени тестирања во земјата се зголеми на 5.005.565.
Шапс информира дека почнувајќи од 15 јуни, во јавниот превоз ќе биде задолжително да се носи маска.