Hasan Esen
30 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 215 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 38.376, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација на дневна прес-конференција ја потврди Министерот за култура на оваа земја, Оливер Даунден.
Според него, во последните 24 часа како резултат на Ковид-19 починале 215 лица во болници, во домови за стари лица како и во приватни куќи, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 38.376.
Тој нагласи дека во последните 24 часа откриени се уште 2.445 нови случаи со Ковид-19. Со ова, вкупниот број на открени случаи во земјата се зголеми на 272.826.
Во последните 24 часа во земјата се направени 127.722 тестирања за Ковид-19, со што бројот на вкупно извршени тестирања во земјата се зголеми на 4.171.408.