Hasan Esen
31 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 113 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 38.489, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа се откриени уште 1.936 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 274.762.
Во последните 24 часа во земјата се направени 115.725 тестирања за Ковид-19, со што бројот на вкупно извршени тестирања во земјата се зголеми на 4.285.738.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа како резултат на Ковид-19 починале 113 лица.
Со ова, вкупниот број на починати поради Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 38.489.