Bilal Acar
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
МАНЧЕСТЕР
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 77 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 40.542, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа се откриени уште 1.326 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 286.194.
Во последните 24 часа во земјата се направени 142.123 тестирања за Ковид-19, со што бројот на вкупно извршени тестирања во земјата се зголеми на 5.581.073.