İlyas Tayfun Salcı
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 55 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 40.597, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение објавено на Твитер ја потврди британското Министерство за здравство.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа се откриени уште 1.205 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата се зголеми на 287.399.
Во последните 24 часа во земјата се направени 138.183 тестирања за Ковид-19.