Büşra Selvi Öğütcen
03 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
АНКАРА
Британските научници се подготвуваат да го истражат дејствувањето на ибупрофенот во лекувањето на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на „Би-би-си“ (BBC), екипата од лондонските болници „Guy's and St Thomas“ и „King's College“ ќе го примени лекот ибупрофен на заразените пациенти кои имаат респираторни проблеми.
На пациентите кои ќе бидат вклучени во истражувањето наречено „Liberate“ ќе им биде применета терапија со ибупрофен, додека половина од пациентите ќе продолжат да примаат и вообичаена терапија.
Ибупрофенот за време на истражувањето нема да се користи во облик на таблети.
Митул Мехта, професорот од болницата „King's College“, изјави дека е потребно истражување кое ќе покаже резултати од примената на овој лек.
Ибупрофенот инаку се користи како аналгетик и антиинфламаторен лек.
Овој лек претходно е тестиран на животните, а резултатите од тестирањето покажаа дека лекот е ефикасен на акутните респираторни заболувања кои се наоѓаат меѓу симптомите на Ковид-19.