Ekipa
03 Декември 2021•Ажурирај: 04 Декември 2021
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија регистрира нови 53.945 заразени со Ковид-19, што е највисок број на дневно ниво од средината на јули, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претходниот рекорд беше 54.674 заразени регистрирани на 17 јули по фудбалското натпреварување на УЕФА Евро 2020.
Со ова вкупниот број на случаи во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 10.329.074.
Пријавени се нови 141 смртен случај, со што вкупниот број на починати од вирусот достигна 145.281.
Заклучно со 1 декември 2021 година, 88,7 отсто од Британците на возраст од 12 и повеќе години имаат примено прва доза од вакцините, 80,7 отсто втора и 33,1 отсто ја имаат применото дополнителната бустер доза.
Премиерот Борис Џонсон вчера ја прими бустер дозата во болницата „Свети Томас“ во близина на Ватерло во централен Лондон.
„Го градиме уште повисоко заштитниот ѕид“, изјави тој за медиумите откако ја прими бустер дозата.
„Што и да може или не може да направи сојот [Омикрон], тој сигурно нема да ја поништи целокупната вредност на бустер дозите - затоа што поскоро секој треба да ја прими бустер дозата.“