Islam Doğru
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
ЊУЈОРК
САД продолжува да го држи приматот на епицентар на светската пандемија на Ковид-19 со најголем број на смртни случаи и детектирани заразени на светско ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип на коронавирус во земјите од светот, објави дека последнит 24 часа во САД се регистрирани 19.135 новозаразени, со што вкупниот број на лица кои се позитивни на Ковид-19 во оваа земја достигна 2.027.438.
Од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус во САД последните 24 чса животот го загубија 648 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 113.125.
Според бројот на детектирани лица позитивни на Ковид-19, зад САД следат Бразил со 711.696, Русија со 458.253 и Шпанија со 288.797.
Во САД, Сојузната држава Њујорк е најпогодена од пандемијата во оваа земја. На подрачјето на Њујорк се детектирани 399.892 лица позитивни на Ковид-19, а 30.516 лица ги загубија животите.
Најголем број на позитивни на Ковид-19 по Њујорк има во Њу Џерси каде се детектирани 167 илјади и Калифорнија со 134 илјади.
Досега во САД се направени 21.728.000 тестирања на Ковид-19, а оздравеа над 773 илјади заразени.