Hacer Başer,Muhammed Semiz
03 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Во Алжир, Оман, Бахреин, Катар, Кувајт и Мароко е забележан раст на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), додека во Тунис и Јордан е зголемен бројот на откриени случаи со овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Алжир, како последица на овој вирус починаа уште 8 лица, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 928.
Во земјата откриени се уште 385 случаи со овој вирус. Со ова, вкупната бројка на случаи во Алжир се зголеми на 14.657.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се 10.342 лица.
- Оман
Во соопштението на Министерството за здравство на Оман се нагласува дека уште три лица починаа поради Ковид-19, додека откриени се уште 1.361 нов случај.
Со ова, бројот на починати во земјата се искачи на 188, а на откриени случаи на 42.555.
Во Оман излекувани се 25.318 лица од овој вирус.
- Бахреин
Според писменото соопштение на Министерството за здравство на Бахреин, уште 3 лица починаа од Ковид-19, додека откриени се уште 656 нови случаи.
Со ова, во Бахреин вкупно починаа 93, додека откриени се вкупно 27.414 случаи со Ковид-19.
Во земјата излекувани се 21.948 лица од овој вирус.
- Катар
Министертството за здравство на Катар соопшти дека во земјата откриени се уште 894 случаи со Ковид-19, со што бкупниот број на случаи во земјата порасна на 97.897.
Во земјата починаа уште 3 лица како последица на овој вирус. Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 118.
Вкупниот број на излекувани во земјата се искачи на 86.597 лица.
- Кувајт
Во соопштението на Министерството за здравство на Кувајт се наведува дека како последица на овој вирус почина уште едно лице, додека откриени се уште 919 нови случаи.
Се вели дека во земјата вкупно починаа 359 лица поради Ковид-19, додека бројот на откриени случаи се искачи на 47.859.
- Мароко
Во соопштението на Министерството за здравство Мароко се истканува дека уште едно лице почина од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 229 лица.
Во земјата откриени се уште 333 случаи, додека вкупната бројка на откриени случаи во Мароко изнесува 12.969.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се уште 26 лица. Со ова, вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 9.090.- Тунис
Министертството за здравство на Тунис соопшти дека во земјата откриени се уште 3 случаи со Ковид-19, со што бкупниот број на случаи во земјата проасна на 1.178.
Вкупниот број на излекувани во земјата се искачи на 1.039 лица.
Во Тунис не се регистрирани нови смртни случаи, односно вкупно 50 лица починаа поради Ковид-19 во земјата.
- Јордан
Во соопштението на Министертството за здравство на Јордан се нагласува дека откриени се уште 3 случаи со Ковид-19, додека излекувани се уште 7 лица од овој вирус.
Со ова, вкупниот број на откриени случаи во земјата се искачи на 1.136, додека вкупниот број на излекувани се зголеми на 889 лица.
Досега во земјата починаа вкупно 9 лица од овој вирус.