Ayhan Mehmet
03 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
АТИНА
Стотици граѓани во Атина, главниот град на Грција, протестираа поради најавата на грчката влада за ограничување на демонстрациите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите на повик на Комунистичката патија на Грција (ККЕ) се собраа на централниот Плоштад Омониа.
Собраните го извикуваа слоганот „Грција не смее да стане полициска држава" и одржаа протестна прошетка до зградата на државниот палрамент.
Во текот на протестите е порачано дека не смее да се дозволи усвојување на закон кој би ги ограничувал демонстрациите и собирите на граѓаните.
Протестите во Атина се завршени без инциденти, а слчни демонстрации се одржани и во други грчки градови.
Со нацртот на закон кој е предложен на 29 јуни, предвидени се затворски казни од една година за лица кои учествуваат на забранети демонстрации и казна затвор од две години за демонстрантите кои се вмешани во насилство.
Се очекува споманиот предлог на законот да биде изгласан најдоцна 10 јули.