Hamdi Yıldız
24 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Во арапските земји се зголемува бројот на починати од последиците на Ковид-19, а се зголемува и бројот на случаи на заразување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Оман бројот на мртви е зголемен на девет, во Алжир на 407, во Ирак на 83, Египет на 287, Сомалија на 16, Јордан на седум и во Бахреин осум.
Во Оман позитивни на Ковид-19 се 1.716 лица, во Алжир 3.007, Ирак 1.677, Египет 3.891, Сомалија 328, Јордан 435, Бахреин 2.217 и во Тунис 918.
Од Министерството за здравство на Оман е наведено дека во последните 24 часа имале уште еден смртен случај, со што вкупниот број е зголемен на девет.
Според податоците на Министерството за здравство на Алжир, во таа земја починаа уште пет лица, со што вкупниот број е зголемен на 407.
Од последиците на Ковид-19 во Ирак починаа 83 лица, а во Египет, со 11 нови жртви, бројот на починати е зголемен на 287.