Adam Abu-bashal
06 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент се искачи на 1.297.322, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 7.505 случаи на Ковид-19.
Во последните 24 часа починати се 226 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во Африка се искачи на 30.905.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (14.779 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.511) и Алжир (1.539 смртни случаи).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи со вирусот се откриени во Јужноафриканската Република (636.884), по која следуваат Египет (99.712) и Мароко (70.166).
Во Африка досега излекувани се вкупно 1.033.734 лица.