Davut Demircan
10 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на смртни случаи од последиците на Ковид-19 во Бразил надмина 38.400, со бројка од 1.272 лица починати во последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Бразил досега се регистрирани 38.406 смртни случаи од последиците на Ковид-19. Вкупниот број случаи на заразување од вирусот во втората најпогодена земја во светот достигна 739.503. Во последните 24 часа на Ковид-19 се позитивни 32.091 лице.
„Бројот на починати расте и во Мексико, па досега вкупно се потврдени 14.649 смртни случаи од последиците на вирусот. Во однос на претходниот ден регистрирани се 596 починати. Во последните 24 часа на Ковид-19 се позитивни вкупно 4.199 лица, со што вкупниот број на заразени во оваа земја се зголеми на 124.301“, соопшти Министерството за здравство на Мексико.
Пандемијата одзеде повеќе од 411.200 животи низ светот, додека вкупниот број на заразени во светот изнесува над 7,24 милиони. Повеќе од 3,37 милиони лица оздравеа, според податоците собрани од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.