Vesna Besiç
13 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
СИУДАД МЕКСИКО (AA) - Поглаварот на Римокатоличката црква Фрањо доцна синоќа стаса во посета на Мексико, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата Фрањо на улиците го причекаа илјадници граѓани кои папата ги поздрави од својот папа-мобил.
Покрај илјадници граѓани кои го дочекаа на улиците, на аеродромот е приреден свечен прием. Добредојде на папата му посака претседателот на Мексико Енрике Пена со сопругата Ангелика Ривера
Папата го дочекаа и високи функционери, а денсерите изведоа традиционални танцови на оваа земја. Планирано е папата да одржи миса во базилката Пресвета Богородица на Гваделупа, на најпосетелното маријански храм во светот.
Папата Фрањо порано оваа недела беше во посета на Куба каде се состана со поглаварот на православната црква, патријархот Кирил.
Ова е инаку историски состанок, бидејќи поглаварите на Католичката црква и руските патријарси не се состанале од црквениот раскол 1054 година.