Muhammed Emin Canik,Zehra Ulucak
29 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС / АНКАРА
Пандемијата на новиот тип коронавирус во последните 24 часа е причина за смртта на 921 лице во Бразил, 854 во Мексико и 768 во Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бразил е втора земја во светот која е најмногу погодена од пандемијата на коронавирусот. Во последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус животот го загубија 921 лице.
Според информациите на Министерството за здравство на Бразил, со последните 921 смртен случај, вкупната бројка на починати од Ковид-19 се искачи на 88.539, додека во последните 24 часа се детектирани 40.816 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 2.483.191.
Во оваа земја оздравеа 1.667.667 лица заразени со новиот тип коронавирус.
Бразил, земја со популација од над 211 милиони жители, се опишува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
- Вкупната бројка на починати во Мексико од пандемијата се искачи на 44.876
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 854 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, со што вкупниот број на починати од коронавирусот се зголеми на 44.876.
Во последното деноноќие во Мексико се детектирани 7.208 лица позитивни на Ковид-19, кои бројот на позитивни на коронавирусот го зголемија на 402.697.
Досега во земјата оздравеа 261.457 лица заразени со Ковид-19.
- Во Индија 34.193 лица починаа од последици на Ковид-19
Министерството за здравство на Индија објави дека во последното деноноќие од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубиле 768 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 34.193.
Во истиот период кај 48.513 лица е детектиран коронавирусот, со што вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 1.531.669.
Досега во оваа земја оздравеа 988.029 лица заразени со вирусот.
Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, Индија е трета земја во светот според регистрираните лица позитивни на новиот тип коронавирус.