Mehmet Hatipoğlu
26 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
КОМОТИНИ (АА) - Во грчкиот град Солун се појави новиот тип коронавирус (Ковид-19) кај 38-годишна грчка државјанка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сотирис Скодрас од Министерството за здравство на Грција соопшти дека вирусот е откриен кај грчка државјанка која од синоќа е задржана во карантин во болницата во Солун.
Скодрас нагласи дека оваа жена пред извесно време била во посета на Италија, и дека исто така во карантин се задржани и членовите на семејството и нејзините блиски кои имале контакт со неа.