Şeyma Uzundere
26 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Во Индија, која е една од најпогодените земји во светот од епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа животот го загубија 4.157 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа се детектирани 208.921 новозаразен со коронавирус, а дека животот го загубиле 4.157 заразени.
Бројот на новозаразени во Индија се зголеми над 100.000 на 4 април, на 15 април над 200.000, на 21 април се искачи над 300.000, а на 30 април бројката на новозаразени надмина 400.000.
Вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 во Индија изнесува 27.157.795, а вкупниот број на починати од последиците на заразеност со коронавирусот изнесува 311.421. Бројот на оздравени се зголеми на 24.350.816, а во моментов продолжува лекувањето на 2.495.558 пациенти.
Експертите предупредуваат дека точната бројка на заразени и смртни случаи предизвикани од Ковид-19 би можела да биде многу повисока.
- Во Индија се дадени над 200 милиони вакцини -
Во Индија досега се дадени 200 милиони и 660 илјади дози вакцини, од започнувањето на кампањата за вакцинација на 16 јануари досега.
Вакцинацијата во Индија, со население од околу 1,4 милијарди, сè уште не го достигна посакуваното ниво за да може да се запре епидемијата.
Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот на светско ниво, Индија е втора земја во светот според бројката на новозаразени, а трета според бројката на починати.