Muhammet Nazım Taşcı
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во Индија во изминатите 24 часа се потврдени 4.213 нови случаи на коронавирусот, што претставува најголем пораст на бројот од заразени лица на дневно ниво досега, јавува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за здравство и семејство на Индија соопшти дека бројот на заразени пораснал на 67.152.
Во соопштението се наведува дека станува збор за најголем број на заразени лица во еден ден од 30 јануари, кога е потврден првиот случај на коронавирусот.
Во истиот период починаа 97 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата порасна на 2.206.
Жариштето на коронавирусот во Индија е сојузната држава Махараштра, каде што се регистрирани 22.171 заразен и 832 смртни случаи.
Во Индија досега од вирусот оздравеа 20.969 лица кај кои е дијагностициран Ковид-19.