Büşra Selvi Öğütcen
13 Јули 2021•Ажурирај: 14 Јули 2021
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во Индија, земја која е меѓу најпогодените во светот со пандемијата на коронавирусот, е забележан најмал број на заразени во еден ден, од 16 март, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последните 24 часа се забележани 32.906 новозаразени со коронавирусот, починале 2.020, а излекувани се 49.007 лица.
Активни се 432.778 случаи на вирусот.
Веќе два месеца бројот на оздравени го надминува бројот на заразени на дневно ниво, што делумно го олеснува товарот со кој се соочува здравствениот систем.
Од друга страна, бројот на починати како последица на Ковид-19 во еден ден, прв пат од 10 јуни надмина 2.000.
Најмногу починати во последните 24 часа се забележани во сојузната држава Мадја Прадеш, 1.481.
Локалните медиуми известија дека причината за зголемувањето на бројот на починати е тоа што во последниот извештај се сместени и дополнително соопштените смртни случаи до кои дојде претходно во Мадја Прадеш.
Досега во Индија од Ковид-19 оздравеа 30.063.720 лица, а процентот на оздравување изнесува 97,2.
Потврдени се вкупно 30.907.282 случаи на вирусот и 410.784 смртни случаи.
Од 16 јануари се дадени 381.467.646 дози вакцина.
Сепак, тоа не е доволно за да се запре пандемијата во земјата која брои околу 1,4 милијарди жители.
Индија, според податоците на „Worldometers“, е втора земја во светот по бројот на заразени, а трета по бројот на починати.